350
Најмалку 11 лица починаа во источна Руанда откако испиле локално пиво од банана.
Уште четири лица се во болница, а лекарите се борат за нивниот живот, пишува Би-Би-Си.
Полицијата уапсила пет лица, обвинувајќи ги дека го продале пивото во кое имало многу поголем процент на алкохол од дозволеното.
Пивото од банана е локален специјалитет и населението сака да го пие.