Смртоносно стампедо во Сеул: Потресни фотографии од личните предмети на загинатите

од Берта Китинска
162 прегледи

Шефот на јужнокорејската полиција денеска изјави дека органите на редот добиле бројни извештаи за опасност пред смртоносното стампедо на Ноќта на вештерките во Сеул, но одговорот бил недоволен, пренесе АФП.

Полицијата знаеше дека „се собрала прилично голема толпа, што значеше опасност која бара итна реакција, дури и пред трагичниот инцидент“, рече Јун Хје-кјунг.

Најмалку 156 луѓе, претежно млади луѓе, загинаа, а десетици беа повредени во стампедо во саботата вечерта за време на првата прослава на Ноќта на вештерките во областа Итаевон во Сеул од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Се очекуваше да учествуваат околу 100.000 луѓе, но тоа не беше официјална демонстрација и ниту полицијата ниту локалните власти не презедоа мерки за контрола на ситуацијата.

Полицијата објасни дека 137 нејзини агенти биле испратени во Итаевон за Ноќта на вештерките, а уште 6.500 полицајци биле мобилизирани на уште една демонстрација во главниот град на Јужна Кореја, на која учествувале само 25.000 луѓе, објавија локалните медиуми.

Јужнокорејските органи за спроведување на законот развија добри вештини за контрола на толпата; Во земјата често се одржуваат бројни демонстрации и се случува бројот на полицајци испратени за одржување на редот да го надмине бројот на учесниците, забележува Франс прес.

Претседателот Јун Сук-Јол денеска изјави дека Јужна Кореја мора итно да го подобри својот сегашен систем за управување и контрола на толпата, вклучително и користење на напредни дигитални средства.

ФОТО: Profimedia

Слични содржини