Истрагата која се водеше за смртта на 20-годишната девојка која почина по вакцинација со „Џонсон и Џонсон“ потврди дека трагичните компликации се резултат на вакцината, потврди коориднаторот Зоран Симоновиќ.
Петчлената комисија беше составена од тројца клинички лекари, фармаколог и Симонович, како претставник на епидемиолошката струка.
„Комисијата ја набави потребната документација од пациентот кај кој по вакцинирањето се појави синдром на тромбоза со тромбоцитопенија“, појасни Симоновиќ.
Прегледана е медицинската документација и потврдено е дека во овој случај настанал синдром на тромбоза со тромбоцитопенија или со вакцинирањето предизвикана имунотромбичка тромбоцитопенија.
„Сите критериуми за поставување на дијагнозата се исполнети“, рече тој.
„Покрај правилното лекување на Клиниката за неврологија, дошло до смртен исход. Во име на сите членови на комисијата изразувам сочувство до роднините и пријателите. Жал ми е за овој случај“, заклучи Симоновиќ.
Инциденцата на згрутчувања е 1,2 на 100.000
Д-р Борут Штрукељ рече дека девојката е вакцинирана со една доза вакцина „Џонсон и Џонсон“ со сериски број XE393.
„Таа е еднодозна вакцина која се користи во повеќето земји во Европа, во Канада и во САД. како што беше кажано повеќе пати, вакцинацијата со векторски вакцини може да биде поврзана со ретки појави на синдром на тромб, заено со тромбоцитопенија“, појасни Штрукељ. Зачестеноста на тромбозата се проценува на помалку од една на 10.000, но варира од земја во земја.