338
Освежително овошно смути со вкус на кокос.
Состојки:
– 1 банана
– грст малини
– 3 дл погуст јогурт
– 1 дл вода
– 2 лажици кокосово брашно
– 1 лажица овесни снегулки
Подготовка:
Состојките се ставаат во блендер и се меша додека не се добие еднолична смеса. Ако сакате поретко смути, додадете уште малку вода.
Истурете во чаши, декорирајте по желба и послужете веднаш.