306
Едноставно и многу вкусно смути со само три состојки.
Состојки:
– 1 шолја сечкана лубеница
– 1/2 шолја замрзнати боровинки
– сок од половина лимон
(мерење – шолја од 2 dl)
Подготовка:
Изладените, исечкани и исчистени состојки ставете ги во блендер.
Мешајте додека не добиете еднолична маса.
Додадете јаворов сируп или мед по желба.