249
Одлично смути направено од сезонско овошје и чиа семе.
Состојки:
– 1 круша
– 1 јаболко
– 1/2 лажичка цимет
– 2 лажички чиа семе
– 150 мл вода
– 1 лажичка мед
Подготовка:
Излупете ги и исечете ги крушите и јаболкото, па ставете ги во блендер.
Потоа додадете цимет, чиа семе, вода и мед, сè убаво измешајте, па истурете во чаша.
Консумирајте веднаш.