Смути од тиква и бело чоколадо

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Пијалак во чиј вкус навистина ќе уживате.

Состојки:

– 200 гр пире од тиква

– 800 мл млеко

– 100 гр бело чоколадо

– 1 ванилин шеќер

– 1/2 лажичка цимет

– врз една кафена лажичка каранфилче

– малку морско оревче

– една кафена лажичка ѓумбир

Подготовка:

Чоколадото искршете го на коцки. Оставете го млекото да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од шпорет и додадете ги коцките чоколадо, мешајте додека не се растопи.

Потоа додадете ванилин шеќер и зачини и измешајте. Додека е уште топол ставете го во блендер заедно со пирето од тиква и изблендирајте.

Напивката можете да ја посипете со цимет и да ја послужите.

На здравје!

Слични содржини