Смути со јаболка, бадеми и цимет

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Состојки:

(за 2 лица)

– 2 јаболка

– 125 мл млеко

– 85 мл јогурт

– 5-6 бадеми

– мед или јаворов сируп по вкус

– цимет

Подготовка:

Излупете ги, исчистете ги и исечкајте ги јаболката.

Ставете ги во блендер, додадете млеко, јогурт, бадеми и засладувач по желба, па мешајте додека не добиете густа кремаста маса.

Истурете во чаши, посипете со цимет и послужете веднаш.

Слични содржини