Смути со кафе

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Пијалок за љубителите на кафе.

Состојки:

– 1 чаша сварено кафе

– 1 банана

– 1/4 чаша овесна каша

– 1 лажица мелено ленено семе

– 1/8 лажичка мелен цимет

– 1 лажица какао

– 1 чаша млеко од соја или бадем

– 1 лажичка мед

(чаша = 250 ml)

Подготовка:

Сварете силно црно кафе, наполнете калап за коцки со кафе и оставете го во замрзнувач преку ноќ.

Ладеното кафе (коцките) ставете го во блендер, додадете ги останатите состојки и изблендирајте за да добиете освежителен пијалак.

Засладете со мед по желба.

Слични содржини