364
Освежителен овошен пијалок со ѓумбир и цимет.
Состојки:
– 4 праски
– 1 кафена лажичка цимет
– 1 лажица кафеав шеќер
– малку рендан ѓумбир
– сок од еден лимон
– неколку коцки мраз
Подготовка:
Излупете ги праските, па исечете ги на помали парчиња.
Во блендер ставете сок од лимон, праски и коцки мраз и убаво изблендирајте.
Додадете една лажичка цимет, една лажица кафеав шеќер и половина лажичка рендан ѓумбир.
Повторно измешајте.
Послужете ги посипани со цимет.