Snapchat веќе има повеќе активни корисници дневно од Twitter. Популарната апликација веќе се користи од 150 милиони луѓе секој ден, а овој индикатор го смени микроблогот Twtter, објави агенцијата Bloomberg.
Според анализа на Bloomberg, Twitter има под 140 милиони активни луѓе дневно. Микроблогот продолжува со своето бавно зајдисонце, а не успева да ги привлече и задржи потрошувачите кои се повеќе одат кон други платформи како Instagram, Messenger, WhatsApp и Snapchat.
Во извештајот за последниот квартал, Twitter објави дека има 310 милиони активни корисници месечно. Компанијата не кажува колку од нив ја користат услугата секој ден, но коментира дека се околу 44% од 20-те најдобри на пазарот.
Како Twitter, така и Snapchat не ги коментираа новите информации. Чет апликацијата има добра стратегија да ги мотивира корисниците да ја користат секој ден. Од една страна тоа е краткиот живот на содржината која е избришана по 24 часа. Покрај тоа апликацијата создава и љубопитна статистика, која им го покажува на корисниците бројот на последователни денови, во кои комуницираат со своите најблиски пријатели.
Во средината на неделава извршниот директор на Twitter Џек Дорси објави дека Snapchat е многу модерна апликација. Тој додаде дека Twitter е свесен за некои од проблемите во услугата, кои често ги збунуваат корисниците и активно работи на нивно решавање.
