Неодамна новинарот Роланд Куанд откри дека првиот претставник на новата серија Snapdragon 700 ќе се појави со број 710. Програмерите од XDA Developers успеаја да се стекнат и со првите детали околу хардверот во новиот процесор од средната класа. Ова е овозможено по анализа на „firmware“-от на два нови уреди на Xiaomi, кои се развиени под тарифните имиња Comet и Sirius и кои ќе го користат токму овој чипсет.
Од она што го виделе, станува јасно дека оригиналното име на Snapdragon 710 всушност било Snapdragon 670 и последователно очигледно поради маркетинг причини, од Qualcomm одлучиле да го ребрендираат процесорот. Во него ќе бидат вклучени два јадра на Cortex-A75 за потешки задачи и шест Cortex-A55 јадра за негово стандардно работење. графичкиот акцелератор ќе биде Adreno 615 со фреквенција помеѓу 430MHz и 700MHz.
Од „firmware“-от на телефоните станува јасно дека Comet ќе нуди OLED панел со функција Always on Display, поддршка на 2 SIM картички, инфраред, батерија со капацитет 3100 mAh и Android 8.1. Уредот нема да има дополнителен слот за мемориска картичка, како и чип на NFS.
Sirius, исто така, ќе има OLED екран кој ќе биде исечен на врвот. Неговата батерија има капацитет од 3120 mAh, а оперативниот систем е ист. Исто така, има инфрацрвен приклучок, а Xiaomi не вклучува слот за microSD картичка и NFC.