Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони

од desk4
63 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од земјата, додека на некои повисоки места има остатоци од кашест снег. Во останатите региони коловозите се претежно суви.

Според информациите од АМСМ, врнежи од снег со променлив интензитет се забележани на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Забраните за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на кракот Маврово – Дебар, се укинати утринава во 05:30 часот.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.