Снегот ги завеа Македонците во Гора

од Берта Китинска
239 прегледи epa07269372 Snow drifts on the provincial road number 993 in the vicinity of the village Pielgrzymka in southeastern Poland, 08 January 2019. Many cities in whole Poland have been affected by snowfall. EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана реагира во врска со, како што наведува, тешката состојба во која се наоѓаат Македонците во областа Гора по обилните снежни врнежи.

Во реакцијата се наведува дека врнежите од снег во изминатите денови, целосно ги блокирале селата во ова област, во северниот дел на Албанија.

– Како последица на високата снежна покривка, чија дебелина е и над еден метар и минусните температури сите патишта што ја поврзуваат областа Гора се целосно блокирани. Сите села се отсечени од светот и нема доволно резерви на лекови во здравствените амбуланти, а набрзо ќе се појави и недостиг на прехранбени артикли, стои во реакцијата.

Тие бараат албанската Влада и Општина Кукс итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се одблокираат патните правци во областа Гора.

Областа Гора опфаќа девет села во кои живеат околу девет илјади Македонци.

Албанските медиуми јавија дека во областа поради високата снежна покривка прекината е наставата во училиштата.