Протоците на лава од вулканот на Исланд се забавуваат бидејќи обилниот снег ја покрива областа, а се чини дека ерупцијата нема да влијае на блискиот град кој беше евакуиран по повеќекратните земјотреси во претходните недели.
„Тешко е да се види што точно се случува, но кога ќе погледнете низ снегот, очигледно е дека лава има се помалку и помалку“, вели Халдор Геирсон, вонреден професор на Институтот за науки за Земјата на Универзитетот во Исланд.
Тој додаде дека ерупцијата во вулканскиот систем Сварценги би можела да заврши за време на викендот или следната недела, или течењето на лавата може да продолжи со бавно темпо со недели или месеци, слично на она што се случи во блискиот систем Фаградалсфјал во 2021 година.
Ерупција на полуостровот Рејкјанес, во југозападниот дел на Исланд, исфрли лава и чад на повеќе од 100 метри во воздухот неколку недели откако за првпат беше покрената сеизмичка активност.
Владата рече дека најверојатно нема да влијае на летовите и ги намали стравувањата од повторување на хаосот во меѓународниот воздушен сообраќај предизвикан од вулканската пепел за време на ерупцијата на Исланд во 2010 година.