Овој последен снежен бран го зафати и соседството, Хрватска е покриена со снег. Снегот предизвика вистински сообраќаен колапс и буквално ја отсече Далмација од остатокот од Хрватска.
Од вчера поради огромното количество снег и бурните ветрови нема отворена рута од Далмација до внатрешноста на Хрватска.
Голем број луѓе останаа заглавени во редовите, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн.
— Radio Dalmacija (@RadioDalmacija) February 26, 2023
Покрај снегот, проблеми на возачите им прави и силната бура што дува со брзина од околу 150 километри на час. Полицијата апелира до граѓаните да не излегуваат на пат доколку е апсолутно неопходно.
8 km do Delnica, vozi se u koloni prema jugu ali vozi. pic.twitter.com/fe9fpXcvO3
— Radio Dalmacija (@RadioDalmacija) February 26, 2023