167
Северните делови на американската сојузна држава Њујорк се покриени со снег, а подрачјето на градот Бафало е под снежна покривка дебела речиси два метри.
Обилниот снег се очекува да продолжи да паѓа до крајот на денот, објави Си-Ен-Ен.
Синоќа, нешто по 23 часот по локално време, Националната метеоролошка служба во Бафало издаде специјално временско предупредување за можни снежни врнежи придружени со бурни ветрови низ територијата на државата Њујорк.