247
Поради силна снежна бура во Украина, 2.019 населби останаа без струја, соопшти украинското министерство за енергетика.
Невремето зафати 16 региони, а најлоша е во регионите Одеса, Николаев и Киев
Повеќе од 40.000 потрошувачи, односно повеќе од 220 населени места се без електрична енергија во регионот на Киев, пренесува „Униан“.
Во самиот Киев нема прекини во снабдувањето со електрична енергија, а од утрово е ограничен влезот и движењето на товарни возила во градот.
Сообраќајот е во прекин на 14 патни правци, а најтешка е ситуацијата на северот и југот од областа Одеса, каде снежните наноси достигнуваат метар и половина.