Снежни колачи кои не се печат

од Vladimir Zorba
119 прегледи

 

Збогатете ги новогодишните и божиќни празници со снежни топчиња, кои нема да ви одземат многу време, а ќе ги задоволат апетитите за нешто слатко на вашите најблиски.
TOPKA

Потребни намирници :

1. 200 грама бадеми
2. една лажица ванилин шеќер
3. 100 грама врела вода
4. една  лажица кокосово масло
5. 100 грама бадемово брашно
6. 260 грама шеќер во прав
7. Прстофат сол

 

Бадемите ставете ги во сад и потопете ги со топла вода, а потоа  оставете ги 2 часа за да омекнат. Потоа исцедете ги и ставете ги во миксер заедно со ванила екстрактот, кокосовото масло и солта. Миксирајте додека мешавината не стане густа паста. Пастата ставете ја во сад и додадете го бадемовото брашно и  убаво измесете. Со помош на лажица извадете од смесата и формирајте топчиња, на кои  потоа убаво ќе им додадете шеќер во прав.

Готовите топчиња  оставете ги да отстојат за да станат цврсти.Кога ќе се стврднат послужете ги веднаш или складирајте ги во сад кој не пропушта воздух и држете ги во фрижидер.