Снимањето на новите епизоди на „Пријатели“ започнува следната недела

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Уште во февруари минатата година, HBO потврди дека во специјална епизода, популарните „Пријатели“ се враќаат на екраните со епизодата „The One Where They Got Back Together“.

Минатата година требаше да се снима специјална епизода во која повторно ќе ги гледаме славните шестмина „Пријатели“, но тоа снимање беше одложено поради пандемијата на коронавирус.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Шимер, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Метју Пери ќе започнат нови авантури, а првите сцени ќе бидат снимени во Лос Анџелес.

Дејвид Шимер, попознат во серијата како Рос Гелер, беше гостин во „Graham Norton Show“ каде го откри датумот на новото снимање. Имено, по тоа интервју минатиот викенд, тој отпатува за Лос Анџелес да се сретне со неговите стари пријатели.

„Денес одам во Лос Анџелес каде го снимаме продолжението на „Пријатели“. Едвај чекам да ги видам сите по толку долго време“, потврди тој.

Снимањето на „Пријатели“ заврши во 2004 година, а серијата ја имаше својата премиера на каналот NBC во 1994 година, и со текот на времето стана една од најуспешните и најпопуларните серии во историјата на телевизијата.

Наводно, секој од актерите ќе заработи околу 17 милиони долари за следната специјална епизода. Тоа е епизода што ќе прикаже повторна средба на пријатели по многу години разделени, рече Шимер.

Слични содржини