Снимател, репортер и двајца војници загинаа во експлозија во сириската Дера

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Четири лица загинаа денеска од експлозивна направа во сириската провинција Дера, јави сириската државна телевизија.

Во експлозијата, покрај двајца сириски војници, загинаа и еден снимател и еден репортер, кои работеле за ТВ Сирија и ТВ Сама, објави Ројтерс.

Во Сирија, на крајот на јули, неколку лица беа повредени, кога активирана бомба беше поставена во такси пред светилиштето Саједа Зеинаб, во близина на сирискиот главен град Дамаск.

Слични содржини