Volkswagen на Алпите ја тестира третата генерација на Tiguan, која официјално треба да биде претставена во втората половина на 2023 година.
И покрај напорите да се сокријат промените, моделот од следната генерација ќе биде помалку „кутиест“ од порано, а исто така изгледа и поголем од моделот во заминување. Со сето тоа оди и модерниот ентериер со новиот „infotainmnet“ систем.
Основата на моделот од третата генерација би можела да биде еволуција на платформата MQB, со почисти бензински и дизел мотори за да се усогласат со претстојните Euro 7 регулативи.
Се очекува и блага хибридна верзија, како и plug-in хибриден модел кој ќе ја зајакне електрифицираната линија на германската марка.