За најновиот филм за тајниот агент 007, под наслов „No Time To Die“ снимени се дури три различни завршници со цел да се скријат сите детали до пред самата премиера. Единствен кој го знае вистинскиот крај е режисерот Кери Џоџи Фукунага.
Откако Фукунага ја презеде режисерската палка од Дени Бојл, се реши за необичен потфат- наместо една завршница на последниот филм за Џејмс Бонд да сними три различни краеви, а сето тоа со цел да не протечат информации и да го расипе изненадувањето за обожавателите на најпознатиот таен агент на светот.
За да е уште поинтересно, ни самиот актер Даниел Крег, не знае кој од тие снимени краеви е вистинскиот.
Сепак како што некои медиуми открија, еден од наводните краеви е оној во кој Џејмс Бонд дава отказ во тајната служба за да живее мирен и повлечен живот на Јамајка, поради што британската актерка Лашана Линч ќе може да ја добие титулата 007.
Интересно е да се спомене дека пред две недели на сетот за снимање на филмот, на аеродромот РАФ Бризе Нортон, кој инаку го користи и британската кралска авијација, настана вистинска драма, кога екипата слјучајно заборави да ја собере цела опрема пред да замине на нов сет. Таму останало едно комбе со опрема, што им станало сомнително на луѓето од аеродромското обезбедување, па се кренала узбуна, цел аеродром бил евакуиран и донесени биле кучиња за барање експозив, додека се решила ситуацијата.