Сноуден: ЦИА од 2006-та се обидува да ги хакира уредите на Епл

од Vladimir Zorba
93 прегледи
Најновиот извештај кој го пренесува „Интерсепт“, вели дека истражувачите кои работат за ЦИА биле вклучени во „повеќегодишни напори“ со цел да ги пробијат безбедносните мерки на ајФон и ајПад.apple-logo-wallpaper-for-iphone-4-04_6442-640x960
Овие документи ги обезбеди Едвард Сноуден, поранешен вработен во НСА, во кои се изнесени детали за бројни иницијативи, вклучувајќи и обиди да се пробијат клучевите за енкрипција кои се наоѓаат во мобилните процесори на Епл. Иако извештајот не вклучува детали за успешна операција против компанијата од Купертино, тој ја нагласува борбата меѓу НСА и технолошкиот гигант. Сите овие напори насочени кон производите на Епл, како и на оние од нивните конкуренти, како што е Мајкрософт, биле претставувани на тајните годишни конференции кои ги спонзорирала ЦИА под името „Jamboree“.
Во презентација од 2012-та, истражувачите од Сандиа Лабс имале презентација под името „Strawhorse: Attacking the MacOS and iOS Software Development“. Во неа е покажана како компромитирана верзија на Хкод (интегриран развој на средина (ИДЕ) кој содржи пакет на развој на софтвер алатки развиени од страна на Епл) им овозможува на шпионите да извлечат податоци од ајФон и ајПад уредите. ЦИА исто така успешно го модифицирала надградувачот на ОС Х, што им овозможило да го пресретнат механизмот за ажурирање на Мек лаптопите и десктоп компјутерите, а се со цел да инсталираат „килогер“.