Сноуден едвај го дочека падот на Фејсбук: Одличен ден, светот станува поздраво место!

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Едвард Сноуден, американски свиркач и поранешен разузнавач, кој избега во Русија поради откривање тајни шпионски програми, зборуваше за падот на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, оценувајќи дека барем на еден ден, светот стана поздраво место.

„Фактот дека Фејсбук, Инстаграм и Ватсап паднаа во исто време, секако изгледа како лесно разбирлив и популарен пример зошто разбивањето на одреден монопол на најмалку три дела можеби не е лоша идеја“, објави Сноуден на Твитер.

Во една од серијата пораки што ги објави на оваа социјална мрежа, Сноуден напиша дека падот на Ватсап е потсетник „дека луѓето треба да користат непрофитна, поприватна алтернатива, како што е Сигнал“.

Сноуден дури напиша дека „Интернет-гигантите се офлајн денес и не се враќаат“.

„Што ќе се случи утре?“, прашал, а под одговорите ставил: „Ќе осамне златната доба“ и „Колапс: Вечераме со стаорците“.

 

Слични содржини