Сноуден: Случајот со Џулијан Асанж е преполн со корупција

од Nikola Popovski
480 прегледи

Поранешниот агент на Централната разузнавачка агенција Едвард Сноуден изјави дека случајот на Џулијан Асанж е преполн со корупција на сите нивоа и дека медиумската врева за основачот на „Викиликс“ претставува дистопија.

„Џулијан Асанж е еден од најдолго затворените политички затвореници во западниот свет. Секое ниво на случајот против него е преполно со корупција и злоупотреба на процесот. Ова е дистопија“, напиша Сноуден на Твитер.

Тој реагираше на пораките на уредникот на прес-организацијата „Шедупраф“, Кевин Гостола, кој пишуваше за политизирањето на сослушувањето на Асанж пред британскиот Врховен суд, додавајќи дека со „туркањето на Асанж на чекор до екстрадиција на Денот на човековите права, САД практично рекоа дека Асанж нема човекови права ниту ги заслужува“, објави „Спутник“.

Слични содржини