Сноуден создал торбичка, кој покажува кога податоците од телефонот се следат

од desk3
72 прегледи

Поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден создал посебна торбичка за мобилен телефон кој може да покажува кога мобилниот уред пренесува податоци кои можат да се следат.

Торбичката, кој го носи името “самоанализирачки апарат” (introspection engine), се поврзува со различни радио предаватели на телефонот, покажувајќи на неговиот сопственик кога мобилнаата, интернет или блутутх конекцијата се користи за споделување или добивање на информации.

snouden

Средството е создадено во соработка меѓу Сноуден и дизајнерот Ендрју “Бани” Хуан, пишува британскиот весник. “Гардијан”.
Првичната макета на “самоанализирачкиот апарат” претставува торбичка, која го покрива половина телефон. На него има мал монохроматичен дисплеј кој покажува дали телефонот е “темен”, односно не служи за пренос на информации, или е активен. Торбичка исто така може да полни батерија на ајфон и да ја покрива назад камерата.

Можно е апаратот да биде развиена како клуч кој ќе ја исклучува струјата на телефонот, штом ќе детектира пренос на информации.

За момент “самоанализирачкиотсе апарат” е само научен проект и е далеку од масовно производство.
“Ако имате вклучен телефон во џебот, тоа значи се создава траен запис на вашето движење”, рече Сноуден за време на жива врска во рамките на настан на Медиумската лабораторија кон МИТ.

“Како резултат на начинот на кој мобилната мрежа работи, вашиот телефон постојано го дисперзира во воздухот преку радиоемитер својот единствен идентитет, која ве идентификува пред вашиот мобилен оператор, но исто така може да биде пресретнат додека се движите и во трети земји”, додаде тој.
Повеќето смартфони прекинуваат со преносот на интернет, блутутх и мобилен сигнал кога се во т.н. Авионски режим, но според Сноуден и Хуан на тоа не може да се потпира.

“Малициозни програми дистрибуирани од хакери по прифатлива цени можат да ги активираат радио сигналите без апсолутно никаква идентификација на интерфејсот на корисникот”, пишуваат двајцата во описот на својот проект.

За момент торбичката е развиена само за телефоните на компанијата Apple, но тој би можел да биде адаптиран и за други Smartphones.