СНС го “подмладува” кадарот- Вучиќ бара “млади, борбени и елоквентни” за изборните листи

од desk4
141 прегледи

Листата на Српската напредна партија за претстојните избори ќе биде подмладена и мора да вклучи елоквентни, борбени луѓе и нема веќе места за оние кои само седат и примаат плати.

cffeb6da8c68f8f3f834a725b9f24296

Oва го побарал лидерот на прогресивците, Александар Вучиќ во разговорите со врвот на партијата, кои претходните неколку дена биле водени поради формирање на кандидатски листи за пратеници во Собранието, кои ќе бидат предадено во недела, во катастарот за недвижности.

– Тој уште оред еден месец бараше да се состави некој вид лична карта од целиот пратенички клуб во Собранието и да се наведе, кој што работел, колку пати говорел, колку бил отсутен и слично. Одлучи дека на листата треба да бидат што повеќе нови и млади луѓе, кои ќе знаат да ги застапат ставововите на СНС во Собранието. Како што и на шега рекол, нам ни требаат луѓе кои ќе знаат и да излезат на линијата со радикалите и Воислав Шешељ, доколку влезат во парламентот, вели извор за СНС.

Според информациите на Блиц, еден од можните кандидати за шеф на пратеничкиот клуб, се споменува Александар Мартиновиќ, додека потпретседател би требало да биде Горан Кнежевиќ.

286a0ca7efb801a0822b503954f5ab78

На листата нема да бидат сегашните министри од редовите на СНС, ниту останатите кои се предвидени за извршна власт. Нема да биде ни досегашниот шеф на прогресивците во парламентот, Зоран Бабиќ, кој оди во извршната власт и можно е да биде поставен на сообрќајниот ресор.

Таму нема да биде ниту Александар Јововиќ, кој најверојатно ќе презеде некоја белградска општина, вели изворот на Блиц, кој додава дека Маја Ѓоковиќ ќе биде ангажирана за Војводина, но сепак ќе остане на листата.

Лидерот на СНС;на изборната листа ги прими и коалиционите партнери, СДПС на Расим Љаиќ, ПС на Александар Вулин, ПУПС на Милан Кркобабиќ, НС на Велиимр Илиќ и СНП на Ненад Поповиќ. На листата се и Драгомир и Миланка Кариќ од ПСС, како и Марјан Ристиќевиќ, лидер на НСС:

Од партијата засега никој не коментира дали на листата ќе се најде и СПО на Вук Драшковиќ, со кој се уште нема разговори.