Раперот Снуп Дог одлучил своите кулинарски способности да ги претвори во бизнис, односно во продажба на производ што тој го дизајнирал, од кој не само што ќе заработи, туку и ќе им помага на луѓето.
Имено, познатиот музичар и продуцент започнал со производство на грицки со канабис, а во самиот рецепт и процесот на производство му помогнал познатиот готвач Гордон Ремзи.
„Луѓето не мислеа дека знам да зготвам ништо, но го видоа моето шоу за готвење и сега знаат дека можам. Потоа го запознав Гордон Ремзи и тој ме научи уште неколку работи”, изјави раперот за Mirror.
Пријателството на Снуп со кујнската кралица Марта Стјуарт, кое се претвори во деловно партнерство.
„Секогаш истакнувам дека сме најдобри пријатели“, вели Снуп.
Тој исто така истакнува дека својот бренд на храна го „подигнува на повисоко ниво“ со крајно необични состојки, а кога станува збор за овој рапер, не било тешко да се погоди дека се работи за канабис.
Со „TSUMo Snacks“ тој исто така ги создаде „Snazzle O’s“, крцкави закуски со кромид наполнети со канабис, слатки и зачинети. Се очекува за неколку дена да можат да ги пробаат во болниците во Калифорнија.
Неговата цел, како што вели, била да се оддалечи од традиционалните јадења и да обезбеди „нешто малку повкусно“.