Снуп Дог најмил „личен мотач на трева“: Има огромна плата и специјални поволности

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Американскиот рапер Снуп Дог не крие дека редовно консумира марихуана, поради што сега ангажирал работник да му помогне во тоа.

Снуп Дог најмил личен „мотач на трева“. Станува збор за Ренегад Пиранха, која сега има многу необична работа.

Таа мота џоинт за раперот и проценува дека веќе смотала околу 450 илјади.

Ренегад гостуваше во австралиското радио шоу „The Kile and Jackie O Show“ каде го сподели своето искуство со раперот.

„Пресметав дека досега имало повеќе од 450.000. Работам со околу 220 грама дневно, што е од 75 до 150 џоинти“, рече Ренегад.

Раперот во јуни откри дека на своите вработени им дал покачување поради инфлацијата.

Профилот „UberFacts“ тогаш на Твитер објави дека раперот вработува лице чија работа е да мота џоинт и дека ќе заработува меѓу 40 и 50 илјади долари годишно. Раперот, кој има 20,2 милиони следбеници на платформата, одговори на ова тврдење: „Инфлација. Им се зголеми платата!“.

Тој го спореди својот член на персоналот со филмскиот лик Лурч од семејството Адамс, опишувајќи ја нејзината работа како „беспрекорна“.

Снуп разговараше за ова необично вработување во интервју со американскиот водител Хауард Стерн.

„Тоа е нејзино занимање. Во CV-то пишува:Јас сум професионален ‘џоинт-ролер’“, објаснил Снуп и додал дека предностите на работата се бесплатна марихуана, но и облека.

„Ако си одличен во нешто што ми треба, ќе те вработам“, заклучил Снуп Дог.

Слични содржини