Сојуз на средношколци ја поздрави брзата акција на безбедносните служби: „Настава нема да има за учениците од втората смена“

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Сојузот на средношколци изрази загриженост од денешните дојави за поставени бомби во пет средни училишта во Скопје.

„Во последниот период јавноста сведочеше на слични дојави за бомби во училишта и болници во соседна Р. Србија. Сојузот ја поздравува брзата акција на безбедносните служби. Ограноците на Сојузот нè информираа дека евакуацијата е целосно спроведена, а настава нема да има за учениците од втората смена“, велат оттаму.

Сојузот на средношколци апелира на зголемување на безбедноста во средните училишта.

„Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедностите и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес“, додадоа оттаму во соопштение.

Слични содржини