201
Пред салата “Борис Трајковски” со автомобили, транспаренти и знамиња почна протестот организиран од ВМРО ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.
Колоната во автомобили се движи преку булеварот „Партизански одреди“, а крајна дестинација е Регулаторната комисија за енергетика, каде што ќе заврши протестот
Во текот на денот, Регулаторната комисија за енергетика ги одби барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за намалување на цената на електрината енергија со став дека сите одлуки се во согласност со законите.