Егзекуцијата на затвореник со стрелање е извршена првпат по 15 години во американската сојузна држава Јужна Каролина, извести во петокот агенцијата „Асошиеjтед прес“.
Погубениот, 67-годишниот Бред Сигмон, бил осуден на смрт затоа што во 2001 година со бејзбол палка ги претепал до смрт родителите на неговата поранешна девојка, пред да се обиде да ја киднапира и пукал во неа кога таа побегнала од неговиот дом. Самиот Сигмон го избрал овој метод на егзекуција, претпочитајќи егзекуција со стрелање наместо електрична столица или смртоносна инјекција.
Според адвокатот Џералд Кинг, Сигмон го избрал овој начин на егзекуција поради страв дека на електричната столица ќе има пострашна смрт, како и со смртоносна инјекција затоа што бил сведок на 20 минути долго умирање на тројца осуденици кои самиот тој ги познавал.
Сигмон рекол дека Јужна Каролина „чува толку многу тајни за тоа како спроведува егзекуција со смртоносни инјекции“ и тоа го навело да одлучи „за она што тој знае дека ќе биде насилна смрт“, изјави неговиот адвокат.
„Тој не сака да им нанесе таа болка на неговото семејство, на сведоците или на тимот за егзекуцијата. Но, со оглед на непотребната и несовесна тајност на Јужна Каролина, Бред го избира најдобро што може“, рече Кинг.
Времето на смртта на Сигмон е забележано во 18,8 часот по локално време (1,8 часот по македонско време, 8-ми март).