253
Поранешниот пратеник и граѓански активист Павле Богоевски смета дека нема потреба од дополнителна Декларација за Гоце Делчев во македонското Собрание.
-Сите знаеме кој е Делчев и што ни значи. Не мислам дека носењето на Декларација ќе влијае само врз Мешовитата историска комисија, иако нужно ќе биде така. Ако разговарате на едно место за нашето, не можете на друго повисоко место, вие веќе да го предвидете решението на тоа. Се разговара во Комисијата, меѓудругото и за Делчев. Да ги оставиме луѓето да дојдат до решение. Со Декларацијата само се мешаме во работата, вели Богоевски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.