Кинеска државна службеничка со џогир го истепала шефот, фрлала со книги по него и го истурила со вода затоа што тој наводно ја малтретирал и ѝ испраќал несоодветни пораки.
На видеото, кое стана вирално, се гледа како жена, идентификувана само како Жу, упаѓа во канцеларијата на нејзиниот шеф Ванг, го удира трипати со џогерот по главата, прави мала пауза за да вика по него, а потоа продолжува да го тепа.
За цело време, Ванг, кој е заменик-директор на одделот за спречување на сиромаштијата во провинцијата Хеилонгјанг, едвај се придвижува, пренесуваат кинеските медиуми.
Нејзиниот шеф наводно се обидел да се оправда велејќи ѝ дека пораките се шега, но Жу, која во меѓувреме неколкупати го удрила директно со џогерот по лицето, го обвинила за напад.
Жу потоа искршила рамка со фотографија од неговата главата, а потоа фрлала по него со книги и, конечно, со вода. За цело време, нејзиниот шеф останал мирно да седи на масата.
Жу рече дека менаџерот ѝ испратил несоодветни пораки три пати и дека таа го пријавила во полиција.
Истрагата утврдила дека Ванг имал „проблеми со животната дисциплина“, поради што бил отпуштен, пренесува Independent. За Жу се вели дека страда од ментални проблеми, поради што не е дисциплинирана.