Со еден детаљ, Џеј Ло му прати порака на Доналд Трамп

481 прегледи

За време на настапот на Супербол, Џенифер Лопез се осврна на контроверзната политика на американскиот претседател Доналд Трамп. На сцената, во еден момент, ѝ се придружија група девојчиња, меѓу кои беше и нејзината 11-годишна ќерка Ема, а кои во еден момент се наоѓале во осветлени кафези. Овој потег ги симболизираше децата имигранти кои се задржувани во кафези на границата Мексико-САД.

Џеј Ло прати јасна порака кога за време на пеењето на песната Bord In The USA од Брус Спрингстин, била замотана во знамето на Порторико. Со тој чин, таа на Трамп му порачала дека Порторико, од каде потекнува и самата, е дел од Америка.

Лопез на својот Инстаграм профил исто така го споделила и видеото кое покажува што се случувало неколку минути пред да излезе на сцената на Супербол.

Видеото ја прикажува Џеј Ло како се моли заедно со својот тим

„Сакам сите девојчиња од светот да научат како да се борат за себе и сакам да бидат горди на себе. Некои луѓе се обидуваат да не раздвојат со ѕид, да не стават во кутија, но заедништвото е она што оваа земја ќе ја направи голема“, напишала Лопез.

Набргу се оглсила и Шакира, која настапуваше заедно со Џеј Ло, а која и самата е Латиноамериканка.

„Латиноамериканците моментално поминуваат низ тежок период во САД и важно е да шириме порака на заедништво“, нагласила.

Слични содржини