Со еден потег Бијонсе и Џеј Зи ги разбеснија Американците на Супербол

382 прегледи

Музичките ѕвезди и сопружници Бијонсе и Џеј Зи одлучија да останат да седат за време на химната која ја пееше Деми Ловато на Супербол, што предизвика поделени реакции на социјалните мрежи.

Парот на натпреварот дошол со својата ќерка Блу Ајви, а ТМЗ ги снимил како се единствените кои седат за време на химната. Не е јасно зошто парот се одлучил на овој потег, особено со оглед на тоа дека Џеј Зи неодамна потпиѓа лукративен партнерски договор со NFL.

Реакциите на овој потег беа различни. И додека едни беа лути, други пишуваа како никому не му егајле за тоа, а многумина застанаа во одбрана на парот.

„И сите дома седат“, бил еден од коментарите.

Некои отишле и толку далеку што пишувале дека парот мора да се исели од државата.

Слични содржини