Со „фиат“ удрил 71-годишен на велосипед и избегал

од Vladimir Zorba

На 24.08.2023 околу 07.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, на подрачје на Куманово, патничко моторно возило „фиат“ удрило во велосипед управуван од М.Ј.(71) од Куманово и го напуштило местото.

По несреќата, М.Ј. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини