Со години беше во врска со сопругата на братот, а сега е во прегратки на 15 години помлада девојка

322 прегледи

Рајан Гигс (45) е во врска со 15 години помлада манекенка и диџејка, пишуваат британските таблоиди.

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и сегашниот соработник на Велс излегува со Хелен Стелинг Холт, а се запознале наводно на Олд Трафорд каде Хелен редовно пушта музика на настаните.

The Sun пишува дека, според изворите, гласините за нивната врска започнале во септември на венчавката на Рио Фердинанд и Кејт Врајт.

– Таа е прекрасна девојка, како Рајан, навистина ја интересира фитнес. Редовно вежба и има прекрасно тело – рекол еден од изворите.

– Имаат заеднички пријатели и се зближија откако „налетаа“ еден на друг на неколку случувања… Некои луѓе зборуваа за нив на венчавката на Фернандо, велеа дека се супер пар – додал изворот.

Хелен има скоро 10 илјади следачи на инстаграм, каде често објавува фотографии од теретана. Во четвртокот, за време на натпреварот на Јунајтед и Партизан, Хелен објавила фотографија од Олд Трафорд.

View this post on Instagram

Out on a school night. 🎧

A post shared by Helen Stelling Holt (@helenstellingholt) on

Веста за нивната романса доаѓа три години по бурниот развод на Рајан од неговата сопруга Стејси со која има две деца. Парот се раздели во 2016 година откако Гигс имал афера со сопругата на својот брат.

Слични содржини