Со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да има општина која нема да се развива, велат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
201 прегледи

Според Светска Банка Македонија ја очекува рецесија, СДСМ ја влече земјата во банкрот и секоја година долгот поголем од растот за над 100 милиони евра, обвинија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека „за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ води европска политика, втемелена на демократски принципи“.

-Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го намали данокот на добивка и персоналниот данок на доход на стапка до 8%, и ќе обезбеди даночна предвидливост. 250 милиони евра ќе завршат годишно во општините како капитални проекти преку Министерството за Транспорт и врски. Нема да има општина во Македонија која нема да се развива. Ќе се развиваат и малите и големи општини, и во источниот и во западниот дел од државата. ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на инфраструктурата и на изградба автопатите од Гостивар до Кичево и Велес до Меџитлија, стои во соопштението од „Белата палата“.