Со интервенција на д-р Митрев избегната ампутација на нога кај пациент од Хрватска

од Nikola Popovski
43 прегледи

На 64годишниот пациент од Хрватска му е спасена ногата од ампутација со интервенција направена од д-р Митрев. Слободан Кујунџиќ од малото Истарско место Бузет дојде во Клиника Жан Митрев по неколку направени операции во Хрватска, два периферни бајпаса на десната нога и се соочуваше со можност неговата нога да биде ампутирана. Пациентот имаше проблеми со протокот на двете артерии на десната нога, но и покрај постојаните болки од тамошните лекари му било кажано дека сите опции се веќе исцрпени и дека ногата треба да биде ампутирана.

На Кујунџиќ, д-р Митрев му направи тробендеректомија на заедничката површинска и длабоката феморална артерија и реконструкција со премостување десно со сопствена вена од левата нога. Интервенцијата помина успешно и ногата на пациентот е спасена,

„По пребарување на интернет ги прочитав сите пофалби за Клиника Жан Митрев и се уверив дека докторите се стручни. Исто така, стапив во контакт со пријател со истиот проблем на кој д-р Митрев, исто му ја спасил ногата и кој ми ги пренесе сите позитивни искуства. Тоа беше последниот знак дека ако сакам да се излечам морам да дојдам во оваа клиника”, вели Слободан Кујунџиќ од Хрватска.

Слични содржини