Со изведба на „Another Brick in the Wall“ пред МОН, младите активисти побараа реформи во образованието (видео)

од Берта Китинска
258 прегледи

Итни реформи во образованието во повеќе сфери порачаа денеска младите од активистичкото хорче на Здружението за едукативен развој „Еквалис“, кои пред Министерството за образование ја изведоа песната „Another Brick in the Wall“ од Pink Floyd.

Образованието, според нив, ќе биде унапредено само доколку јавно и гласно зборуваат за тоа.Тие побараа реформи во поглед на повлекувањето на сите учебници со дискриминаторска содржина и наоѓање соодветни механизми со кои училиштата ќе се справуваат со врсничкото насилство.

-Сакаме училиштето да го чувствуваме како безбеден простор, сакаме да имаме основни хигиенски средства во училишните тоалети и сакаме училиштето да е место каде што се раѓа креативност, а не страв, соопштија активистите од Здружението „Еквалис“ и ги повикаа сите млади да проговорат за се она што сметаат дека е неисправно во образованието.

https://www.facebook.com/AEDEkvalis/videos/490176948527127/?v=490176948527127

 

Слични содржини