Ако ги видите дел од бугарските медиуми велат дека нема разлика во францускиот предлог, дел велат дека има. Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски и сите идентитетски прашања се заштитени, изјави како одговор на прашање премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата, во однос на гласините од Софија дека нема промена во францускиот предлог.
Според него, ние како држава сме се определиле дека стратешка цел е членство во ЕУ.
-Обврска на секој политичар е да мисли за генерациите напред, не само за својата политичка кариера. Кажав неколку пати дека лидерски концепт значи кога треба да кажете „не“ да кажете „не“ како што кажав во Брисел за нешто што не е добро. Дојдовме до решение за кое денес разговаравме. Сите политички партии треба консензуално да се борат за подобра иднина на земјата. Може човек да одлучи сам да биде изолиран или политичка партија, но не смее државата и граѓаните да бидат изолирани. Ние сме во срцето на Европа. Со носење правилна одлука започнување со Првата меѓувладина конференција со ЕУ, рече Ковачевски.
Премиерот објасни дека тој лично имал забелешки за првичниот предлог од Париз.
-Коалицијата денеска беше информира за предлогот, сите имавме државничка дискусија и ние нормално на следен состанок ќе изградиме заеднички став. Духот на разговорот беше на ниво на одговорност на моментот на кој што е исправена С. Македонија, изјави Ковачевски.