565
Полицијата соопшти дека пешак се здобил со тешки телесни повреди, вчера, по удар од автомобил во Струмица.
Несреќата се случи на улицата Климент Охридски.
„Патничко возило „мерцедес“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од селото Седларци, струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.