Со метлачки машини ќе се чистат тротоарите и велопатеки во Скопје

од Берта Китинска

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска ставија во употреба 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини. Новите машини кои ги набави ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини.

-Денеска ги промовираме првите 10 од вкупно 47 комунални возила кои што ќе бидат набавени оваа година. Станува збор за 10 метлачки за одржување на хигиената на јавните површини – сообраќајници, велосипедски патеки и тротоари. Вистински ги трошиме градските пари, за потребите на градот и за потребите на граѓаните. Знаете дека во 2019 година почнавме со нов концепт за третман на комуналниот отпад, тогаш беше набавена сериозна механизација, ова денеска е втора фаза, а во третата фаза пролетва ќе пристигнат останатите 37 возила. Со тоа, ги подобруваме перформансите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и го намалуваме материјалниот трошок за неговото работење, изјави Шилегов.

Слични содржини