244
„СДСМ преку институциите што ги предводи реализира мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Само преку МојДДВ за првото тромесечје од оваа година кај граѓаните се вратени 491,5 милиони денари, или речиси 8 милиони евра“, соопштуваат утрово од партијата на власт.
Оваа успешна мерка веќе три години ги остварува своите цели и тоа унапредување на даночната дисциплина, сузбивање на сивата економија и враќање пари кај граѓаните, што е особено добредојдено во ова време на светска економска криза, додаваат, меѓу другото, од Бихаќка.