Во текот на изминатата вечер (13.07.2022) во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи.
Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 43 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.