Со нож прободен и усмртен сопственик на кафеана

од Vlatko K
127 прегледи

Сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево вчера попладнето е пронајден мртов во неговиот објект.

Како што соопшти МВР,  телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул.„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М. С.(64) од Кичево.

Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош. На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител. Увидот е во тек.