Со оваа чорба ќе го зајакнете имунитетот на вашето дете

Состојки за чорба:
– 450 гр. телешко месо
– 2 моркови
– 1 црвен кромид
– 1 магдонос
– 1 пашканат
– лист од целер и корен
– ловоров лист
– сол и бибер

За запршка:
– 2 лажици брашно
– 1 лажица црвен пипер

Сварената чорба се зачинува со:
– 1 жолчка
– 100 мл неутрална павлака за готвење или обична павлака

Подготовка:
Ситно исечкајте ги зеленчукот и месото. Потоа во лонец додајте малку масло и кромид и ставете да се динста на тивок оган. Кога кромидот ќе омекне, додајте го месото и динстајте 15 минути на тивок оган. Кога меото ќе се издинста, додајте два литри вода.
Додајте го предходно исечканиот зеленчук. Додајте го ловоровиот лист и зрната бибер. Оставете ја чорбата да се вари 2 часа на тивок оган.

Направете ја запршката од брашно и пипер и малку вода. Сето тоа измешајте го па течноста ставете ја во чорбата која веќе врие. Зачинете ја чорбата со зачини и сол.

Оставете ја чорбата да вари уште 10. минути.

Додека чорбата врие изматете јајце и неутралната павлака за готвење и додајте ги во чорбата.

Слични содржини