Со пари на граѓаните ќе снабдуваат топлинска енергија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
186 прегледи

„Заради неспособноста на Владата предводена од СДСМ граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење“, вели денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека сите светски лидери водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, првиот човек на РКЕ Бислимовски пред само два месеци ги убедуваше граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона, тврдеше дека компаниите се подготвени.

Денес, Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија“, смета таа.